Нов Управен Одбор во МПЦО Св.Никола во Мајнц

0
180
Во саботата на 16.10. во просториите на црквата беше избран новиот црковен одбор:
Александар Радевски (претседател); др. Марко Мантов (потпретседател); Светлана Дувњак (секретар); Александар Стоев (благајник); Емилија Николова (економ).
Неизмерна благодарност до стариот одбор: Борче Марковски (претседател); Ламбе Филиповски (економ) и Нико Тасев (благајник) кој од самите почетоци на создавањето и градењето на црквата беа активно вклучени, но и до новите членови кои во иднина треба допрва да учествуваат во фрескоживописот и одржувањето на храмот.