Песни од гевгеличанецот Стефан Марковски вклучени во антологиски избор на шпански јазик

0
32

– Поезија од гевгеличанецот Стефан Марковски е вклучена во антологискиот избор на шпански јазик „Премин на поетските гласови“, во е-издание на мексиканскиот книжевен портал Revista Primera Pagina.

Во антологијата од меѓународен карактер била застапена поезија од поетски имиња, кои припаѓаат на генерации родени меѓу 1955 и 1994 година од петнаесетина земји од светот.

Гевгелискиот поет Марковски посочи дека во предговорот на антологикиот избор се вели оти тематските определби на песните почивале врз различни емоционални, општествени, политички и интерперсонални набои на авторите и на поезијата како импулс на бунтот во воените контексти.

Препевите на застапените песни ги направила поетесата Мариела Кордеро од Венецуела.