Гевгелиска фирма претстави нова производна линија за колачи на Саем во Германија

0
221

На најголемиот Саем за храна и пијалоци во германскиот град Келн, што се организира повеќе од еден век, гевгелиската производна компанија „Жито пром“ под мотото на саемот „Вкуси ја иднината“ ја претстави новата производна линија за колачи.

– Новата линија за колачи, подржана од Фондот за иновации, која е претставена во друштво на реномирани светски фирми ќе ја прошири нашата производна палета со десет нови производи во категориите традиционални и функционални колачи збогатени со здрави и корисни состојки. На овој начин се трудиме да го следиме трендот за развој на производи кои ќе имаат голема придобивка и човековото здравје, изјава Татјана Танева Новаковска, бизнис менаџер во фирмата.

Гевгелиската компанија постои 25 години и ги извезува своите производи на пазарите во 20 земји. Според остварените контакти на Саемот во Келн, се надеваат дека нивните производи ќе се најдат на многу повеќе пазари во Европа и светот.

Се очекува новата производна линија за колачи наскоро да биде презентирана пред домашната јавност.