„Денови на Благоја Корубин“ во рамки на 6. Отворени денови на Институтот за македонски јазик

0
24

 – Во рамки на шестите Отворени денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, денеска во Љубојно ќе се одржи 25-тата  манифестација „Денови на Благоја Корубин“ со научен собир „Благоја Корубин – втемелувач на македонскиот стандарден
јазик. Јазикот во практиката“.

Со настанот ќе бидат одбележани и сто години од раѓањето на Корубин, кој беше посветен во истражувањата на практиката на македонскиот јазик и повеќе децении ја уредуваше рубриката „Јазично катче“ во  весникот „Нова Македонија“.

На Отворените денови, кои се одржуваат од 18 до 22 октомври, утре и задутре во Крани и Скопје ќе се одржува шестата меѓународна научна конференција „Македонскиот јазик – извор на научни истржувања“.

Годинашните Отворени денови ќе завршат в петок со посета на Спомен-домот на Блаже Конески во Небрегово. Институтот го организира овој настан под покровителство на претседателот на државата Стево Пендаровски.

Шестите Отворени денови годинава се во знакот на еден век од раѓањето на Блаже Конески и 95 години од смртта на патронот на Институтот за македонски јазик  – Крсте  Мисирков, како и 30 години од независноста на државата.