Средби во Краљево

0
366

На покана од страна на Здружението на Граѓани од Македонско национално малцинство „Кирил Пејчиновиќ“ Краљево, Директорот на Агенцијата за иселеништво, Слободан Близнаковски оствари посета и однапред организирани средби со :

Градоначалникот на град Краљево г-дин Предраг Терзиќ,

Директорот на Градската библиотека, г-дин Миша Милосављевиќ

Директорката на ОУ „Вук Караџиќ“ г-ѓа Милена Брковиќ

Началничката на училишната управа г-ѓа Бојана Маринковиќ

Во присуство на делегацијата од страна на Агенцијата за иселеништво и раководството на Здружението „Кирил Пејчиновиќ“ во просториите на Општината Краљево се дискутираше за следните точки и тоа:

1.Потпишување на нов договор за користење на општински простории како седиште на Здружението „Кирил Пејчиновиќ“ Краљево,

2. Можност за конкурирање и добивање на проекти по однос на распишани конкурси

3. Во рамки на Градската Библиотека на Краљево да се одвои простор за македонски книги, а Агенцијата за иселеништво  да го збогати библиотечниот фонд

4. Да се формира паралелка на македонски јазик, која ќе биде во рамки на ОУ „Вук Караџиќ“ како саботно училиште чија оцена ќе биде призната и влезена во свидителството.

-Градоначалникот Терзиќ ја поздрави делегацијата од страна на Агенцијата за иселеништво и истакна дека македонците во Краљево и околината имаат голема поддршка од страна на Општината и дека објектот во кој се наоѓа моменталното седиште на Здружението во иднина се планира да се реконструира во Културен Центар, по што ќе се најде решение за нови простории, а до тогаш е овозможено Здружението „Кирил Пејчиновиќ“ да го користи бесплатно просторот.

-Соработниците на Градоначалникот по однос на четиригодишното отсуство на Здружението Кирил Пејчиновиќ како добитник на објавените конкурси за финансирање на проекти, информираа дека на следниот објавен конкурс ќе ја имаат реакцијата во предвид и навремено ќе информираат за начинот и условите при аплицирањето.

-По однос на отварањето на паралелка по македонски јазик  во училиштето „Вук Караџиќ“ директорката Брковиќ информира дека на последната спроведена анкета се пријавиле 5 ученика за следење настава по македонски јазик, а согласно стручните упатства за формирање групи, потребни се минимум 15 ученика.

Марија Продановиќ, претседателката на Здружението Кирил Пејчиновиќ информира дека од страна на Министерството за образование и наука на Р.Србија, дозволено е да се спроведат нови анкетни листови ао рок до 15 Октомври 2021 г.

Директорката Брковиќ извести дека доколку се соберат ученици со наведената бројка потребна за група од повеќе училишта, со настава може да се почне следната учебна година, поради тоа што смета дека сега е веќе предоцна.

Марија Продановиќ остана на барањето наставата да отпочне веднаш по дадениот рок за анкета од страна на МОН, 15 Октомври 2021 г.

Градоначалникот Терзиќ даде предлог прво да се види списокот со потребната бројка, а подоцна ќе се разгледува организацискиот дел за реализација на наставата.

Директорот на Библиотеката г-дин Миша Милосављевиќ информира дека веќе е почната соработката со Градската библиотека и дека се очекува само на збогатување на библиотечниот фонд. Воедно, директорот Милосављевиќ ги понуди просториите на библиотеката да се користат за било какви културни активности на Здружението, како работилница, промоции, проекција на филмови и друго.

Директорот Близнаковски се заблагодари на присуството од страна на институциите кои се надлежни да ги решат потребите и проблемите на македонските организации во рамки на Р.Србија и истакна дека преку посилно и директно вклучување на Националниот Совет на МНМ за Р.Србија во преговорите со соодветните институции, би можеле да се решат клучни прашања.

По официјалните средби, Директорот Близнаковкси го посети седиштето на Здружението Кирил Пејчиновиќ, каде беше информиран за досегашните и идните планови на Здружението од страна на членовите на Управниот Одбор и раководството. Агенцијата за иселеништво подари  промотивен материјал и учебни помагала за да се помогне почетокот на наставата по македонски јазик во Краљево од страна на наставничката Мирјана Биќанин.