Деца на наши иселеници ќе учествуваат на „Златно Славејче“

0
579

Во предвечерието на 50 Јубилејно издание на фестивалот „Златно Славејче“  Агенцијата за иселеништво ја посетија членови на „Друштвото на Македонците во Романија“  во придружба на Станку Андреа Џеорџиана од Крајова,  која ќе настапува на детскиот фестивал „Златно славејче 2021“ во недела на 17 Октомври, во СРЦ  „Борис Трајковски“.

Прв пат на „Златно Славејче“ Џеорџиана  настапуваше во 2019 година, а оваа година ќе настапува со роденденската песна „Златна годишнина“ која за овој повод  Џеорџиана сама ги  напиша музиката и текстот.

Џеорџиана има македонско потекло, редовно ја посетува наставата по македонски јазик која се одржува во Крајова и пее изворни македонски песни со кои настапува на фестивали низ Романија. Директорот на Агенцијата за иселеништво Близнаковски, се заблагодари за посетата и и посака на Џеорџиана успешен настап во недела.

Воедно директорот Близнаковски истакна дека во договор со „Совет за воспитување и грижи за децата на Град Скопје„ од следната година Агенцијата за иселеништво ќе финансира учество на фестивалот „Златно Славејче“ на талентирани деца од иселеништвото.