Во Мисисага промовирана книга на Вера Петревска

0
271

Промоцијата се одржа во просториите на македонската православна црква Св. Илија од Мисисага, каде што се отвора и библиотека на иницијатива на литератуното друштво ,,Браќа Миладиновци,, од Торонто.
За најновото дело во кое е прераскажан животниот пат на Петревска, но и за значењето на пишуваниот збор во насока на зачувување на македонскиот литературен јазик, култура и традиции говореа: претседателот на црковниот одбор од Св. Илија Мисисага, Ацо Крстевски, свештеникот протаставрофор Илија Донев, како и рецензентите Симона Ковалаковска, Драгица Димовска и Зоран Крапанчев. Тие споделија моменти од создавањето на книгата и инспирациите од Брајчино кои цел свој живот ги носи како белези на душата авторката Петревска. Семејството, сестрите, местата и манастирите се нејзина водилка.
Во својот говор претседателот од МПЦ Св. Илија Ацо Крстевски се осврна и на празникот 11-ти октомври, денот на востанието на македонскиот народ во борбата за ослободување од фашизмот за време на Втората Светска Војна.Од друга страна пак отец Илија Донев пред благословот на празничниот ручек што го подготви женската секција од Св. Илија повика на грижа и разум за македонскиот јазик и зачување на нашата пишана историја, апел што треба да го слушнат и актуелните власти во Македонија. На литературното друштво ,,Браќа Миладиновци,, домаќинот црквата Св. Илија му врачи благодарница за извонредна соработка и несебично помагање. Присутните на промоцијата имаа можност да слушнат и поетска творба од младата ученичка и членка на ,,Браќа Миладиноци од црквата Св. Климент Охридски од Торонто Стефани Костов, инспирирана од љубовта кон Македонија.Програмата ја водеше Весна Трјаковска.