Честитки по повод 11 Октомври, патронат на македонското етничко училиште во Сиднеј

0
31

На Македонското етничко училиште “11 Октомври” од Јагуна, Сиднеј, нека му е честит патрониот празник, со ова име тоа опстојува полни 45 години, а во неговите клупи поминале илјадници ученици, а настава им одржувале десетици нивни учители. Нека ни е честит и вековит овој наш македонски национален празник 11 Октомври, Денот на македонското востание, кој не треба да биде заборавен ниту од Македонците во татковината, а ниту пак од Македонците во светот.