Средба со раководството на Сојузот на Македонските културни друштва во Словенија, претставници на Македонското Културно Друштво Кирил и Методиј од Крањ и претставници на Македонското Културно Друштво Охридски Бисери од Нова Горица
На 4 Октомври во Љубљана директорот Близнаковски оствари работна средба со Амбасадорката на Р.С. Македонија Н.Е. Сузана Зеленковска, раководството на Сојузот на Македонските Културни Друштва во Р.Словенија, Раководството на МКД Кирил и Методиј од Крањ и претставници на Македонското Културно Друштво Охридски Бисери од Нова Горица
На средбата директорот ги поздрави присутните, ги информира за надлежноста и програмите на Агенцијата за иселеништво и поддршката која Агенцијата може да ја пружи на иселениците и иселеничките организации.
Г-дин Боре Митовски како досегашен претседател на Сојузот информира дека сосотојбата на македонските друштва е се потешка поради тоа што Македонското малцинство во Словенија не е признато како конститутивен народ по Устав и на тој начин многу малку се подржани од државата. Смета дека средствата кои ги нуди Министерството за надворешни работи преку распишување на конкурс за финансирање на проекти од областа на културата се мали и недоволни за континуирана работа на друштвата. Исто така времето на објавување и траење на конкурсот е многу кратко и во несоодветен период.
Во врска со наставата по македонски јазик информира дека моментално ја следат 60 ученика како дополнителна настава, но оценката не е влезена во официјалните свидителства.
Еден од проблемите е и немањето на интерс на младите да се вклучат во организациите и да ги превземат раководствата.
Г-дин Илија Димитриевски претставник од МКД Кирил и Методиј од Крањ, информира дека изготвиле „ДЕКЛАРАЦИЈА за КООРДИНАЦИЈА на НЕУСТАВНИ НАЦИОНАЛНИ ЗАЕДНИЦИ во Словенија“ и истата ќе биде поднесена на Самитот на Европска Унија –Западен Балкан во Брдо, Словенија што се одржа на 6 Октомври 2021 г.
Н.Е. Сузана Зеленковска информира дека наскоро во Љубљана ќе се отвори Македонски културен центар и дека од нејзино досегашно искуство соработката со градоначалниците на општините и барањето поддршка од нивна страна е доста позитивно, посебно во делот на доделување на простории за седишта на организациите.
Директрот Близнаковски информира дека Агенцијата за иселеништво нема можност и буџет да ги финансира директно иселеничките организации, но на писмено барање од нив ќе се обрати до надлежните институции преку билатерални соработки и договори да се реши прашањето околу признавањето на Македонското национално малцинство во Р.Словенија.