На 3 Октомври 2021, недела, денот на Сите Македонски Светители, директорот на Агенцијата за иселеништво Слободан Близнаковски и соработниците Билјана Костова и Зоран Арсов, ја посетија Македонската Православна Црква во Загреб Св. Злата Мегленска, која е во завршна фаза од нејзината изградба.
На средбата во просториите на новоизградениот Црковен Храм, присуствуваа:
Парохискиот свештеник Отец Кирко Велински
Претставници на Заедницата на македонците во Р. Хрватска г-ѓа Виолета Штерјова и Елизабета Петровска,
Претставничката во Советот за националните малцинство Република Хрватска г-ѓа Зорица Велиновска,
Претседателката на Советот на македонското национално малцинство за град Загреб г-ѓа Тинка Барбутов Крстева,
Наставничката по македонски јазик во Загреб, Деспина Белчовска Велинска и други членови на Македонската заедница во Загреб.
По деталната обиколка и разледот на новиот храм, Отец Кирко Велински го информира директорот Близнаковски за текот на изградбата, иницијативата, поддршката и сите заложби од македонската заедница во Хрватска и пошироко за изградбата на Храмот. Се заблагодари за посетата од страна на делегацијата од Агенцијата за иселеништво и досегашната подрдшка која ја има Македонската Православна Црква во Р. Хрватска од неа.
Директорот Близнаковски го изрази своето огромно задоволство од впечатокот за новоизградениот Храм и за улогата на Храмот како верски, духовен и културен центар каде Македонците ќе имаат можност да ги остваруваат своите религиозни, друштвени и социјални потреби.
Исто така директорот Близнаковски ја искористи можноста да ги информира присутните дека во договор со директорот на секторот за образование на малцинствата при Министерството за образование и наука на Р.Хрватска, се покрена иницијативата во иднина да можат да учествуват поголем број на ученици од Р. Хрватска, со поддршка на хрватските власти.
Г-ѓа Тинка Барбутов Крстева,ја поздрави иницијативата бидејќи од сопствено искуство како учесник на Летната Школа во Охрид смета дека тоа е доста корисен и успешен проект.
Во знак на благодарност за приемот и долгогодишната соработка, директорот Близнаковски додели плакети на претставниците, присутни на средбата.
Г-ѓа Елизабета Петровска информира за активностите од областа на културата во реализација на македонските културни друштва во рамки на Заедницата и се заблагодари за доделената плакета која го потврдува континуитетот на комуникацијата.