Од 7-12 октомври Филмскиот фестивал за деца „Џифони“ во Кинотека и МКЦ: Проекции, дискусии и креативни работилници

0
19

Од утревечер, 7 октомври, почнува Филмскиот фестивал за деца „Џифони Македонија“, каде основците и средношколците по деветти пат ќе имаат можност да учествуваат на разни филмски проекции, дискусии и креативни работилници. Фестивалот ќе трае до 12 октомври, а ќе се одржи во просториите на Кинотека и Младинскиот културен центар во Скопје.

За разлика од претходната, оваа година учеството на фестивалот делумно ќе се одвива со физичко присуство, а делумно онлајн. Физички ќе присуствуваат околу 180 ученици од основните и средни училишта од градот

Ученици од странство ќе се приклучат преку видеоконекција.

Фестивалот ќе биде отворен во 18 часот во киното Фросина со проекција на италијанскиот филм „Стаклено момче“.

Сите групи ученици ќе бидат вклучени во работилници по нивен интерес – за танс, театар, музика, ликовна, новинарска работилница, како и за програмирање во scratch.

Секое дете-учесник во својата категорија ќе гледа по четири филмови, после кои следува дискусија за истите.

Исто така, од оваа година „Џифони Македонија“ воведува и т.н. хабови од пет града во државата од каде на програмата ќе се приклучат 50 средношколци

Тие ќе ги следат филмовите онлајн и ќе учествуваат на работилници на фестивалот.

Најактивните џифонци ќе добијат награда да патуваат во Џифони на италијанското издание на фестивалот во 2022.

Директорот на фестивалот Дарко Башески на денешната прес-конференција по повод отворањето на фестивалот, посочи дека на програмата ќе има 17 играни филмови, 28 кратки филмови во официјална селекција и програма ќе се одвива секој ден – проекција, па дискусија, па работилници.

Оваа година повторно се враќаме во киносалите со ограничено присуство од 30 проценти но сепак правиме некој напред во нормализација на нашите животи и нормално на задоволство на младите програмата оваа година ќе оди повторно во живо, рече Башески.

Тој напомена дека младите од другите градови ќе можат да се приклучат онлајн на фестивалот. Ќе има и програма „Џифони плус“, која е отворена за публиката бесплатно и фокусирана на односите на децата и родителите, инспирирана е од програма во Џифони, Италија, така да очекуваат дека на вечерните проекции ке доаѓаат и родителите кои ќе гледаат филмови кои ке се однесуваат на односите на релација родител-дете.

Програмскиот директор на Џифони, Деа Крстевска Тамборини рече дека се подготвува богата филмска програма, креативни работилници, мастер класови, презентации во попладневни часови, а дел од програма ќе биде достапна и за учесници од другите градови на земјава, кои не можат да бидат физички присутни во Скопје а кои ќе се поврзат преку таканречени хабови, организирани во соработка со пет средни училишта низ земјава.

Се работи за Куманово, Кавадарци, Прилеп, Охрид и Маврово Ростуше. Тоа е новитет кој го воведуваме оваа година, на тој начин сакаме уште повеќе да им го приближиме централниот настан што се случува во октомври на сите средношколци од државата, рече Крстевска на денешната прес-конференција.

Напомена дека покрај нив, ќе се вклучат уште 30 учесници од странство.

Марко Чезаро, проектен менаџер на Џифони Македонија од италијанска страна и гостин на фестивалот, на прес-конференцијата рече дека и оваа година ќе се реализира фестивалот најмногу затоа што младите имаат потреба од него.

Тука сме оваа година и покрја пандемијата, бидејќи младите имаат потреба од нас, имаат потреба од Џифони, сакаат да се вратат да живеат нормално, сакаат да продолжат да го дишат духот на Џифони, духот на киното и да се дружат заедно во текот на овие неколку дена, рече Чезаро.

Тој додаде дека сите меѓународни проекти се одложени за оваа година, а Џифони Македонија е единствениот меѓународен фестивал кој го организираат, најмногу на инсистирање на македонските партнери.

Инаку, фестивалот ќе биде затворен на 12 октомври со доделување на награди, а традиционално ќе биде прикажано сработеното.