Македонско културно друштво Илинден – Риека е основано во 1991 година. Тоа е прво македонско културно друштво во Република Хрватскакое денес брои околу 200 активни членови . Најбројни се активностите на фолклорната и пеачката секција, се организираат разни книжевни-поетски вечери, предавања за македонската историја, култура и за јазикот , изложби на слики, издавачка , концертна дејност и друго.
Ги повикуваме сите заинтересирани за македонскиот мелос, дружење, патувања секогаш сте добродојдени.