Златен медал за каратистот Недев на Европското првенство во Полска

0
293

Најдобриот македонски каратист Дејан Недев го освои златниот медал во кати на Европското првенство во карате во сениорска конкуренција, чиј домаќин беше полскиот град Катовице.

Недев дојде до златното одличје во жестока конкуренција од 28 натпреварувачи од најсилните европски карате земји.

За Недев ова е седма европска титула во неговата трофејна кариера.