ДЕН НА МАКЕДОНСКАТА ПОЕЗИЈА, 2 октомври во Стокхолм
Годинашната културна манифестација Ден на македонската поезија под покровителство на Македонскиот сојуз во Шведска, се одржа по 31-ви пат во просториите на Македонската амбасада во Стокхом на 2 октомври 2021 година. Во програмата учествуваа 15-тина поети и музичари. Присутните ги поздрави македонската амбасадорка Мира Крајачиќ, нагласувајќи го значењето од континуирано организирање културни активности во редовите на дијаспората, а пред присутните се обратија и претседателката на Македонскиот сојуз, Гордана Крклинска и претседателот на поетското друштво „Дениција“, Ивица Челиковиќ. Програмата, во чии рамки зедоа учество и наставнички по мајчин македонски јазик и ученци од Стокхолм, ја водеше Тереза Шалевска-Мирчева. Поетското читање овојпат беше под знакот на 100-годишнината од раѓањето на големиот македонски поет, лингвист и кодификатор на современиот македонски литературен јазик, Блаже Конески.