ОУ „Страшо Пинџур“ од Вевчани доби донација од клупи и столчиња, како и интерактивни табли

0
378

– Општинското основно училиште „Страшо Пинџур“ од Вевчани денеска доби донација од 100 клупи и исто толку столчиња од иселеник во Америка.

Градоначалникот Сашо Јанкоски информира дека донацијата е од Митре Кутаноски, од селото Радожда, кој долги години живее и работи во Америка. Тој посочи дека Општината постојано инвестира на подобрување на условите за работа во училиштето, нагласувајќи дека вчера се поставени 12 интерактивни табли и интерактивни .

– Општина Вевчани, набави и постави 12 интерактивни табли и интерактивни панели, во вредност од еден милион денари. Набавени се и нови нагледни средства, а за кратко време целосно ќе го опремиме и кабинетот по хемија, изјави Јанкоски.

Според него, училниците на прво одделенците и учениците од четврто одделение се целосно опремени со дигитална опрема за реализација на пилот проектот за дигитализација на наставниот процес.

Во ОУ „Страшо Пинџур“ во Вевчани“ настава посетуваат околу 200 ученици од прво до деветто одделение.