Сум посетил многу скриени убавини низ Македонија, а ова се местата на кои секогаш се навраќам

0
32

Кога некое место ќе ти се прилепи за срце, тоа останува да живее во тебе за цел живот. Веројатно и самите сте забележале дека нешто однатре те тера да одиш и одново да го посетиш, а многу често така и постапуваме.

Без разлика што постојат уште многу дестинации кои чекаат да бидат откриени, ние правиме исклучок и им се навраќам на веќе посетените – оние со кои се имаме поврзано.

Сите ние би составиле список со различни места, но јас сега ќе ја искористам оваа шанса и ќе споделам неколку од нив.

Може да започнам оттука. Кога лично го открив селото Јанче знаев дека постојано ќе ни се вкрстуваат патиштата.

Се наоѓа во областа Долна Река, во близина на Дебар.

Тоа е село со 50 куќи, голем дел од нив се реставрирани и го имаат задржано некогашниот изглед, а земјата, каменот и дрвото од кои се изградени само те прават носталгични по некои минати времиња.

Од друга страна тука ја имаш и природата, те опколува и те возвишува, на свој начин ти овозможува да ги смириш гласните мисли и со сите сетила да уживаш во опкружувањето. Утрата со кафе и книга в раце ти се чинат како вечност.

site imame omileni mesta vo makedonija a na nekoi od niv postojano im se navrakjame 5 copy

Имам пријатели од Велес кои сакаат авантури, тогаш клисурата Пешти редовно се вклопува во мојата викенд агенда.

Досега неколкупати имам одено таму, најчесто во лето и есен и секогаш ми претставува посебно доживувања да пешачам до пештерите, барем оние кои се достапни, а ги има околу 80 на број.

Сакам да седнам крснозе и од ранецот да го извадам направениот сендвич и да се претопам со самото место. Кога дозволува времето, се спуштаме и до реката Бабуна да се искапeме. Иако дури и во лето, водата знае да биде ладничка.

Есента ја сакам токму поради убавината на крајбрежјето на реката Бабуна, да се чекори таму е посебно доживување кога гледаш дека есента се покажала како врвен уметник.

site imame omileni mesta vo makedonija a na nekoi od niv postojano im se navrakjame 2

Да, Зовиќ, Зовиќ… Колку пати и да повторам, секогаш ќе ми биде интересно.

Таму го имаме Филмскиот мост, кој воедно е и една од најубавите архитектонски градби во Мариово. А тоа што Милчо Манчевски го прослави местото во неговиот филм „Прашина“ уште повеќе те прави горд што имаме таква убавина во Македонија.

На крај секоја кривина се исплати. Тој простор е како да си дел од „Македонски народни приказни“, а тоа мене ми буди носталгија за детството и она што никогаш повеќе не може да се врати.

И секако, кога одам таму никогаш не ја одминувам етно-куќата „Кај мостот“ и се изненадувам од традиционалните гурмански специјалитети што ги подготвуваат.

site imame omileni mesta vo makedonija a na nekoi od niv postojano im se navrakjame 4 copy

Што повеќе да се каже, за малку ќе ја испуштив и Бислимска Клисура. За луѓето од Куманово, оваа клисура е исто што за скопјаните е Водно.

Кога нема каде да се оди, влегуваш во автомобилот и одиш директно таму.

Колку што ми е познато таму се наоѓаат околу десеттина пештери и има доволно километри за пешачење, а од неодамна има и патека за искачување по карпи. Доволно е!

site imame omileni mesta vo makedonija a na nekoi od niv postojano im se navrakjame 3