Посета на основно и средно училиште во Осиек каде се изучува настава по македонски јазик

0
48

За време на службениот престој во Осиек на 2 Октомври 2021 г. Во организација на   г-дин Драган Силјаноски и Борис Трајановски од МКД Браќа Миладиновци Осиек, делегацијата на Агенцијата за иселеништво предводена од директорот Близнаковски оствари посета на основното училиште „Вјенац“  и Гимназијата во град Осиек во кои се одржува настава по македонски јазик модул Ц, од страна на наставничката Маја Јовановска.

Во двете паралелки јазикот го изучуваат по 10 ученика, за кои Агенцијата за иселеништво донесе и им подели учебен материјал, буквари, граматики и лектири.

При посетата на гимназијата директорот Близнаковски искажа задоволство за реализацијата на македонската настава во Осиек на гимназиско ниво и се заблагодари на директорот на Гимназијата за овозможување на истата да се одвива непречено во соодветни услови и со голема поддршка од училиштето.

Директорот на гимназијата Дражан Ѓапиќ се заблагодари на посетата и  истакна дека има добра соработка со наставничката која ја води наставата и со претставниците на МКД Браќа Миладиновци Осиек. Со цел за понатамошно проширување на соработката во образовните процеси предложи Агенцијата за иселеништво да се вклучи во изнаоѓање на средно училиште од Р.С. Македонија со кое Гимназијата би се збратимила и ќе учествуваат во заеднички проекти.

Директорот Близнаковски му подари на директорот на гимназијата македонски сувенири и украс од филигранска изработка на народна носија. 

При посетата на наставата по македонски јазик која се одвива секоја сабота по модул Ц во просториите на основното училиште „Вјенац“ Осиек, директорот Близнаковски подели учебен материјал на учениците кои се претставија со настап  читање на текстови на тема „Прошетка низ Македонија“. 

Директорката на основното училиште  Весна Врбошиќ го истакна своето задоволство што македонската настава се одвива во рамки на училиштето и дека има долгогодишна соработка со наставничката и членовите на МКД Браќа Миладиновци од Осиек. Директорката информира дека училиштето често добива грантови од европски фондови врз основа на проекти и во таа насока предложи да се направи соработка со основно училиште од Р.С. Македонија кое ќе биде партнер организација од земја која не е членка на Европската унија, а училиштето Вјенац од Осиек би било носител на проектот како училиште од држава која е во рамки на ЕУ. Целата конструкција и обработката на проектното досије ќе биде изготвено од страна на училиштето Вјенац.

Директорот Близнаковски ја поздрави идејата и вети дека ќе се заложи да се информират училиштата во Р.С. Македонија преку соработка со градоначалниците на општините и ќе ги пренесе идеите и контактите на заинтересираните директори на основните училишта.