Посета на Општина Осиек

0
434

На претходно договорена среба од страна на раководството на МКД Браќа Миладиновци од Осиек, директорот на Агенцијата за иселеништво, Слободан Близнаковски, раководителот на Сектор Билјана Костова и советникот Зоран Арсов беа примени од страна на Заменик градоначалникот на Општина Осиек, г-дин Драган Вулин. На средбата г-дин Вулин срдечно ги поздрави присутните и информира за начинот на кој Општината ги поддржува организациите на националните малцинства во рамки на мултикултурните и демократски вредности кои ги негува Р. Хрватска како членка на Европската Унија. Исто така го истакна своето задоволство од досегашната соработка со членовите на Друштвото Браќа Миладиновци од Осиек, како македонци кои се мирољубиви, вредни, конструктивни, добро интегрирани и блиски по природа,  граѓани во Република Хрватска. Градоначалникот иинформира општи информации за Општината Осиек, развојот, реновирањето на инфраструктурата, реставрации на објектите што се дел од културното наследство, изградба на стадион, аквапарк, мостови и други проекти во тек.

Г-ѓа Јагода Тренеска Цветичанин, како една од основачите на организираната македонска заедница и наставата по македонски јазик во Осиек, во улога на Претставник на македонското национално малцинство за град Осиек ги информира гостите од Агенцијата за иселеништво дека таа претставува 153 Македонци во градот Осиек која бројка не е доволна за формирање Совет на македонското национално малцинство за град Осиек. Таа се надева дека на следните малцински избори ќе има доволно декларирани за да се исполни критериумот. Седиштата на шесте Совети и трите Претставници на малцинствата во Осиек се сместени во еден објект каде покрај другите се наоѓа и двојазичната табла на македонскиот претставник. Тренеска додаде како соработката на сите малцинства со Управата на градот е одлична. Со редовните квартални состаноци, со новата техничка опрема и планирањето на заеднички содржини го збогатуваат мултикултуралниот Осиек. Единствената неостварена желба која ја упати до заменикот градоначалник г-дин Вулин и до директорот на Агенцијата, во свое име и во име на Македонците од градот е поврзување-збратимување на Осиек со некој град од Македонија.

Заменик Градоначалникот Вуин вети дека со задоволство и со  заедничка иницијатива  ќе се заложи ова барање да се реализира. Седиштата на советите и претставниците на малцинствата се сместени во еден објект каде се наведени таблите со обележјата за сите останати малцинства кои живеат во Осиек. Ѓ-ѓа Цветичанин го пофали Г-н Вулин и градот  бидејќи поставил двојазична табла на зградата на македонската заедница претставена рамноправно со сите други малцинства.

Директорот Близнаковски се заблагодари за професионалниот прием,  вниманието и времето кое заменик градоначалникот го посвети на делегацијата од Агенцијата за иселеништво и за постојаната поддршка која Општината ја дава на македонската зеадница од сите области.

Во знак на благодарност директорот Близнаковски му подари автентични македонски сувенири, тапанчиња и среберена филигранска изработка на народна носија. 

По средбата, на иницијатива на Заменик Градоначалникот Вуин сите присутни направија обиколка и прошетка низ центарот на градот Осиек на која беа презентирани реализираните и идни проекти во реализација на општината.