Посета на седиштето на Македонското културно друштво „Браќа Миладиновци“ Осиек

0
322

На 2 октомври 2021 г. директорот на Агенцијата за иселеништво во придружба на соработниците Билјана Костова и Зоран Арсов, го посетија седиштето на МКД „Браќа Миладиновци“ во Осиек. Претседателот на друштвото Борис Трајановски од име на сите членови се заблагодари за посетата и за прифаќање на поканата, Делегацијата од Агенцијата за иселеништво да присуствува на настанот  „Одбележување на петгодишнината од основањето на македонското културно катче“ во рамки на Градската библиотека ВО Осиек. 

Директорот ги поздрави членовите на друштвото, изрази дека е восхитен од организираноста и од активностите кои ги реализираат во насока на чувањето и негувањето на македонската култура, јазик и идентитет. За таа цел им врачи благодарница и промотивен материјал за збогатување на просториите на седиштето со македонски симболи и сувенири.

Г-ѓа Јагода Цветичанин информираше накратко за основањето на друштвото во рамки на Заедницата на Македонците во Република Хрватска како и за заложбата да се отвори настава по македонски јазик во Осиек, во основно и средно образование.

Воедно г-ѓа Цветичанин информира дека катедрата по македонски јазик во рамки на филозофскиот факултет во Осиек е згасната неколку години и дека бара логистичка  поддршка од страна на Агенцијата за иселеништво во соработка со Универзитетот Кирил и Методиј во Скопје, преку филолошкиот факултет во рамки на универзитетот, да се возобнови катердарата по македонски јазик повторно. 

Директорот со задоволство го прифати барањето и во најблиска иднина ќе постапи по истото во рамки на надлежностите.

Сите членови на делегацијата добија благодарници од страна на Друштвото МКД Браќа Миладиновци, Осиек, за поддршка на 27 денови на македонската култура во Осиек.