Орден „Витез од редот на акедемски палми“ за професорката по француски јазик Елена Николовска

0
184

Професорката по француски јазик во кривопаланечкото основно училиште „Јоаким Крчовски” Елена Николовска беше одликувана со орден  „Витез од редот на академските палми”.

Орденот и го врачи амбасадорот на Франција во државава Сирил Бомгартнер, во француската резиденција во Скопје.

Орденот го доделува Република Франција на професори и академици за вонредна посветеност на францускиот јазик, култура и држава.

– Ова одликување и орден се остварување на мојот сон, уште од времето кога се двоумев помеѓу математиката и францускиот јазик. Благодарение на безусловната поддршка од Францускиот институт во Скопје што ја добивав од почетокот на мојата кариера како професор по француски јазик, како и поддршката од Амбасадата на Франција, добив можности да учествувам во многубројни проекти и натпревари организирани од Министерството за образование и наука, Здружението на професори по француски јазик и Меѓународната организација на франкофонијата. Тоа придонесе постојано да ги следам националните и меѓународни стандарди во државните и интернационални стандарди во изучувањето на францускиот јазик и ги подобрувам моите вештини со најиновативни педагошки методи, изјави Николовска.

Истакна дека ќе продолжи да им ја пренесува љубовта кон францускиот јазик- јазикот на иднината на своите ученици кои активно учествуваат и остваруваат најдобри резултати на многу натпревари.

Редот на академските палми е воспоставен во 1808 година од императорот Наполеон како одликување во чест на еминентни членови на Универзитетот во Париз. Сегашната форма на Редот на заслуги, пак, е реформирана во 1955 година од претседателот Рене Коти, со што станува еден од најстарите граѓански почести на француската република. Одликувањето го доделува Министерството за образование на Франција по претходно формално одобрување од францускиот претседател