Директорот Слободан Близнаковски на иницијатива од страна на раководството на МКД Браќа Миладиновци Осиек, го посети Словачкиот центар при Нашице, каде оствари средби со претставничката на Советот за националните Малцинства при Владата на Р.Хрватска г-ѓа Бранка Бакса и директорката на Словачкиот центар за култура г-ѓа Сандра Краљ Вукшиќ. На средбата претставниците од Словачкиот центар информираа за блиската соработка и взаемната поддршка која ја имаат Македонската и Словачката заедница во Нашице, како во културно, така и во сите други полиња. Директорката Краљ Вукшиќ информираше за начинот на организираност на Словачката заедница во Р.Хрватска и поддршката која Словаците ја уживаат од матичната држава, Република Словачка. Наставата по мајчин јазик е организирана и во целост подржана од Министерството за образование и наука на Словачка, преку годишни конференции за наставниот кадар од иселеништво и преку конкурси на кои наставниците се изјаснуваат за потребите за учебен и едукативен материјал. Согласно ова, Министерството за образование на Словачка го креира буџетот наменет за наставата и проектите од областа на културата во иселеништвото.
Организираат летни школи, печатат списанија, книги од иселеници, организираат културни манифестации и друго. Директорот Близнаковски и раководителот на Сектор, Костова информираа за подршката која Агенцијата за иселеништво ја дава во областа на културата и се заблагодарија за корисните информации и разменетите искуства кои ќе послужат во идното работење и креирање на програмите за работа на Агенцијата за иселеништво.