За време на престојот во Нашице во име на градоначалникот Крешимир Кашуба, делегацијата од Агенцијата за иселеништво имаше свечен прием во кабинетот на Градоначалникот од страна на заменик градоначалник г-ѓа Мануела Пинтариќ и г-ѓа Даниела Булјан.
Претставниците од Општина Нашице информираа за плодната соработка со македонската заедница во Нашице и за активностите подржани од градот и од Р.Хрватска а во организација на МКД Браќа Миладиновци Осиек. Директорот Близнаковски се заблагодари за свечениот и срдечен прием и за поддршката која Општината ја дава на македонската заедница во сите области на нејзиното дејствување.