Директорот на Агенцијата за иселеништво, Слободан Близнаковски во придружба на раководителот на Сектор за одржување на врските со иселениците, Билјана Костова и советникот за информирање, Зоран Арсов, остварија посета на Здружението на граѓани на Македонското национално малцинство „Илинден Лесковац“, на 30 септември 2021 г.
Во просториите на Здружението. На средбата присуствуваа г-ѓа Ивана Цветковиќ и наставничката по македонски јазик г-ѓа Ивана Станковиќ кои го информираа директорот Близнаковски за дополнителната наставата по македонски јазик во Лесковац во рамки на основното училиште и за активностите на Друштвото подржани од Националниот совет на Македонското Национално Малцинство во Р.Србија. Претставниците од Агенцијата за иселеништво подарија учебен материјал за учениците кои го изучуваат македонскиот јазик и Благодарница за чување и негување на македонската култура и традиција во иселеништво.
Во знак на благодарност за посетата и соработката, Г-ѓа Цветковиќ му подари филигранска изработка на логото на Агенцијата за иселеништво, исплетена од креативните раце на наставничката Ивана Станковиќ.