Средба со Нандор Чапо

0
371

За време на престојот во Нашице, делегацијата од Агенцијата за иселеништво предводена од директорот Близнаковски, оствари работна средба со директорот за образование на малцинствата при Министерството за образование и наука на Р.Хрватска, г-дин Нандор Чапо. На средбата директорот Близнаковски се заблагодари за можноста која ја нуди Р.Хрватска, македонскиот јазик да се изучува по модул Ц во рамки на основните и средните училишта. Директорот Чапо истакна дека должност на Р.Хрватска како европска и демократска држава е да ги негува правата на малцинствата во однос на негувањето на мајчиниот јазик и со задоволство се ангажира за развојот на наставата по македонски јазик бидејќи македонската заедница е конструктивна и позитивно интегрирана во хрватското општество.

Со цел мотивирање на учениците за учење на мајчиниот јазик и нивно запознавање со убавините на татковината, директорот Близнаковски упати барање до директорот Чапор да се разгледа можноста на Летната Школа по македонски јазик која се одржува во Охрид,  во организација на Агенцијата за иселеништво, да земат учество што поголем број на ученици подеднакво од сите делови од Хрватска.  Директорот Чапор ја поздрави идејата и вети дека ќе се заложи во рамки на предвидениот буџет иастата да се реализира, согласно однапред предвидената програма која треба да ја изготви Агенцијатаз а иселеништво и достави до Секторот за образование на малцинствата при Министерството за образование на Република Хрватска.

Директорот Близнаковски во знак на чест и благодарност за приемот и започнатата соработка со г-дин Чапо,  му подари автентичен сувенир од филигранска изработка на народна носија.