Денови на МК Култура во Нашице

0
305

На 1 Октомври 2021 г. во рамки на ,,Денови на Македонската култура’’ во организација на МКД Браќа Миладиновци од Осијек,се одбележа петгодишнината од основањето на Македонското литературно катче при Градската библиотека на град Нашице, Р. Хрватска.

На покана од страна на друштвото, директорот на Агенцијата за иселеништво, Слободан Близнаковски, во придружба на раководителот на Сектор Билјана Костова и советникот за информирање Зоран Арсов, присуствуваа на овој значаен настан кој беше збогатен со поезија и музички настап на клавиристката Ива Дамјановски од Скопје.