Здружението на граѓаните од македонското национално малцинство ,,Кирил и Методиј” од Нови Сад, во соработка со Емисијата на македонски јазик ,,Македонско сонце ” на РТВ Војводина организира Свечана академија во Културниот центар на Град Нови Сад – Трибина на младите, со која го одбележи големиот македонски празник 8-ми Септември – Денот на независноста на Р.С. Македонија. Програмата започна со песните „Земјо македонска“ и „Кога падна на Пирина“ кои ги изведоа членовите на Пеачката група ,,Македонски бисери“ од Пландиште, со кои ја воодушевија публиката на самиот почеток на програмата .
Како главен организатор на оваа Свечена академија, госпоѓа Васка Чергоска им се обрати на присутните со следните зборови:
„Во историјата на секој народ постојат датуми што се издвојуваат како вистински светилници на патот кон развојот на културниот идентитет, кои се значајни и битни, кои треба да ги негуваме.
И ние во дијаспората го одбележуваме овај значаен празник .
Сите народи и држави имаат свои големи историски датуми. Македонија во минатиот век имаше три: Илинден 1903. година, АСНОМ –Антифашистичкото Собрание на народното ослободување на Македонија 1944. година и 8.септември 1991. година. Првите два датума се со големи жртви. Својата независност Македонија ја стекна по мировен пат.Големината на идејата што ја понесе Илинден 1903.година., ја внесе Македонија во 21.-от век со невиден жар и желба да се биде свој на своето и претставува повеќе од показател за неизмерната љубов, кон сопствената земја, кон сопствениот род.
Поминаа 30 години од историскиот 8.ми септември, кога Република Македонија стана самостојна, суверена и независна држава со парламентарна демократија.
Ваквите одбележувања се чест и судбински момент за сите генерации. нека ние честит и вечен Денот на независноста.’’