Холандија и Шведска ги олеснија мерките за влез на вакцинираните македонски граѓани

0
201

Холандија го укинува задолжителниот карантин од десет дена за оние патници кои се целосно вакцинирани, без разлика дали доаѓаат од групата високо ризични земји во коишто спаѓа и Македонија.

Во исто време и Шведска ја укина привремената забрана за влез во земјата и со најновата одлука усвоена од Владата во Стокхолм луѓето кои патуваат во Шведска и коишто можат да покажат сертификат за вакцинација издаден во Северна Македонија, Сан Марино, Швајцарија, Турција, Украина или Ватикан, се ослободени од забраната за влез и од условите за тестирање.

Инаку, според одлуката на Европската комисија, сертификатите за вакцинација издадени во овие земји се еквивалентни на дигиталниот Ковид сертификат на ЕУ (што значи дека таквите сертификати можат да се проверат и потврдат на ист начин со користење на истите технички систем,и како и сертификатот на ЕУ).

Соодветно на високата стапка на вакцинација, слични олеснителни мерки кои би се примениле наскоро најави и Белгија, и тоа почнувајќи од први октомври.  Покрај проширувањето на употребата на Ковид сертификатот, од Белгија најавија и намалување или целосно укинување на обврската за носење заштитни маски.

На следниот линк има подетални информации за протоколите на патување во сите држави во светот.