Македонецот од Австралија јавно го предизвика големиот Конор Мекгрегор да се сретнат во рингот откако Ирецот на Twitter ја омаложуваше неговата последна победа.
Александер Волкановски е шампион во УФЦ пердув категоријата откако синоќа ја одбрани титулата против Американецот Брајан Ортега. Роден е во градот Варила во австралиската сојузна територија Нов Јужен Велс, но родителите му се Македонци (татко му од Беранци (Битолско), мајка му од Егејска Македонија).
Победата на Волкановски ја гледаше и Мекгрегор кој потоа со навредлив твит го исмеваше пердув шампионот.
Таквите зборови го натераа Волкановски да го предизвика Мекгрегор на дуел во рингот.
„Нека се симне во пердув категоријата, те чекам! Ако треба јас ќе отидам категорија погоре, нема проблем. Ајде да се сретнеме!“, изјави Волкановски.