Со одличниот настап во Визбаден Лина Ѓорческа скокна 52 позиции на ВТА листата

0
226

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа после одличниот настап на турнирот во Визбаден скокна дури 52 позиции на ВТА листата.

Според најновата ВТА листа Ѓорческа се наоѓа на 275. место со 238 освоени бодови, за неа тоа е напредок од како што споменавме 52 позиции.

На врвот и сега останува Ешли Барди, потоа следат Сабаленка и Плишкова на втората и третата позиција.