Традиционално на Крстовден почнува бербата на преспанското јаболко

0
46

Ресен,

– Со симболично откинување на првото јаболко, во рамките на манифестацијата „Преспански јаболкобер“ денеска во Ресен почнува бербата на преспанското јаболко.

На почетокот на бербата, која според традицијата во Преспа, почнува на големиот христијански празник Крстовден, покрај градоначалникот Живко Гошаревски, најавено е присуство на премиерот Зоран Заев и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа.

Симболично, првото јаболко ќе биде откинато во овоштарникот на „Свислион“ во Ресен.

На манифестација „Преспански јабоклобер“, која почна во саботата со фудбалски турнир на јуниорски групи, ќе бидат доделени и општинските награди за најдобри земјоделци. Потоа следува презентација на земјоделска механизација и производи, а ќе биде промовирана и традиционална Преспанска храна и рачни изработки.