Марија Павловска се вбројува меѓу значајните автори на современата македонска уметност во 21 век со две децениско континуирано присуство на локалната сцена и несекојдневно меѓународно присуство
Од Скопје до Љубљана, до Белград, до Виена, до Берлин, до Париз, до Њујорк, до Манила, до Мајами, до Венеција, до Фиренца… нејзината уметност опфаќајќи ја темата на поларизмот, поларизацијата и поларизираниот глобализам, употребувајќи ги поларните црно- бели бои стил со изразен момент кон цртежот ја издвојуваат како автор со специфичен израз кој се издвојува како уникатен на балканските простори така и во меѓународни размери.
Само последните седум години, Марија Павловска, учествуваше на 58-то Биенале во Венеција 2019 година поканета од „Европскиот Културен Центар,, Art Bazel Miami во 2014 година, претставена од Музејот MANA Contemporary во САД, беше наградена како Citibank уметник на годината- Годишна самостојна изложба на 60-тата/5-та авенија во Њујорк во 2011 година, исто така нејзиното дело ја понесе првата награда од Carole A. Feuerman Fondacija САД, награда за сликарство на меѓународната изложба „Mixing Medias“ во 2015 година, а во 2020 година влегува во репрезентација на американскиот магнат, колекционер, галерист, куратор и поддржувач на уметноста Eilen Kaminski – ESKFF. Во 2020 година влегува во категоријата на најуспешни жени во Република Северна Македонија и ја понесува титулата Македонски Амбасадор на Културата. Има остварено 30 самостојни и повеќе од 100 групни претставувања- изложби во земјава и странство.
Со интернационална активност и автентичен израз делото на Павловска на лична покана на Директорот и кураторскиот тим, во октомври 2021 година ќе се претстави на XIII-то Биенале во Фиренца.
Марија Павловска е родена во Скопје, Република Македонија во 1975 година. Завршила Факултет за ликовна уметност во Скопје, отсек сликарство во 1999 година, каде во 2001 година магистрира на истиот отсек во класата на проф. Симон Шемов. Докторските студии ги завршува на Универзитетот „Евро Балкан”, Студии на културата, Институт за социјални и хуманистички истражувања, Скопје под менторство на проф. д-р. Кокан Грчев.
Потекнувајќи од семејство на креативни уметници – нејзиниот татко е еден од доајените на македонската ликовна уметност, (Национален уметник на Македонија), нејзината постара сестра е музиколог, а нејзината помлада сестра е интернационален пијанист – очигледно е дека нејзината уметничка енергија е вкоренета во самата суштина на нејзиното битие. Иако дел од истакнатото уметничко семејство, Марија постигна значајно признание само по себе.
Учесник на осум меѓународни престижни уметнички резиденции во Австрија, Аshberg Foundation, Osterreich, Kultur Kontakt/ 2001, 2002, 2003 (Виена и Кремс), Германија, Prima Centar/2010 (Берлин), Франција, Cite Internacionale Des Arts/ 2006, 2014 (Париз), САД, FLA Gallery Residence Program (Конетикат) / 2010, 2011 и MANA Contemporary Residences /од 2012 до денес (Њујорк). После првото соло претставување во Њујорк во 2007 година, таа живее помеѓу Скопје и Њујорк продолжува да биде активна на њујоршката уметничка сцена, исто така изложува и на меѓународно ниво. Нејзинатао студио резиденција – aтeље се наоѓа во престижниот Уметнички Центар, Музеј MANA Contemporary во областа Њујорк од 2012 година, водечки центар vo SAD за современа уметност.
- Од каде желбата за изучување на уметноста?
Уметноста не се учи, поривот за израз е вроден од самото битие. Посилно е од самиот себе, вродено е.
- Што прво Ве асоцира кога ќе Ви се спомне зборот уметност? Какви чувства и слики Ви се создаваат пред Вас?
- Уметност кaкo креативност
Уметноста го открива значењето на животот, секоја форма на убавина ја воскрева и трансформира во возвишенo царство на реалноста каде се одвива чистота, контемплативна поетска суштина – каде уметноста е трансцедентален јазик на форма, дух и хармонија на универзалното и вечно присуство.
- Визуелна уметност – документ на едно постоење низ времето
Уметноста како креативност е карактеристика на човековата природа и затоа е бесценета. Инстинктот за хармонија, рамнотежа и ритам е основен човечки инстикт. Уметноста на ова ниво не е акција или објект, туку внатрешен баланс на рамнотежата и хармонијата (убавината), а со тоа и човековото постоење е бесценето. Претставува документ на едно постоење.
- Ако ја прочитаме Вaшата биографија, ќе заклучиме дека сте ангажирана и професионална личност со несекојдневно присуство за македонски автор на меѓународната сцена, ќе запишете голем број на изложби и успеси во Вашата кариера. Се сеќавате ли на Вашата прва изложба? Кои беа мотивите за реализација на оваа изложба?
Првите излагања се на тлото на Македонија по завршувањето на магистерските студии. Со настапи на Скопското лето 1999, со изложба „Царно-бели раскази”, па во склоп на Струшките вечери на поезијата во Струга 1998, потоа Охридско лето во Културниот центар на Охрид, со изложбата „Раскази” 2001, Музеј на град Скопје, Скопје со изложбата „Моето Бело” 2001 и Музејот на Современа уметност, Скопје со изложбата „Градби” 2000 година.
Првота меѓународно самостојно изложување се оствари во Австрија, 2002 година каде ја добива првата ти месечна резиденција AIR Residence под покровителство на Kunsthalle Krems, во соработка помеѓу Министерството за култура на Република Македонија и Министерството за култура на Австрија. Следат 3 самостојни претставувања во Виена, Galerija Lang so izlozbata „VIena” 2002, „Tisina” 2003 и Kunsthalle Krems Muzejot 2003. Со ова претставување на интернационалната сцена, делото на Павловска на нејзина 28 годишна возраст, влегува во значителни перманентни колекции како: Перманентна колекција Музеј Kunsthalle Krems и Министерство за култура на Австрија, Канцеларија за културен развој и соработка меѓу Австрија и Источноевропска област, Македонска Амбасада во Австрија, Виена и Абасадата на Рпублика Австрија во Република Македонија, Австриската резинденција о Скопје, перманентна колекција.
Нејзините дела се во колекциите на повеќе приватни и јавни колекции кај нас и ширум светот, вклучувајќи ги и владините институции, амбасадите, музеите, галериите и библиотеките.
- Од морето на искуства и знаења, која изложба Ви е посебно драга?
Не можам да посочам посебно драга изложба и претставување. Секој проект е важен и интимно твој. Едниот циклус придонесува кон развиток на вториот. Процесот и нејзиниот развој никогаш не е прекинат. Секој нов циклус и претставување, претстои како развој на предходниот. Тоа е „лабораториски”- истражувачки процес.
Во досегашната дејност, Павловска е добитник на 5 значајни награди и признанија од областа на ликовната уметност: Награда за сликарство „Димитар Кондовски“ – ДЛУМ, Скопје, Македонија (2003), Награда за млад автор – UNESCO Ashberg Program, Виена, Австрија (2003), Награда за цртеж – ДЛУМ, Скопје, Македонија (2005), Награда на одбран автор за годишна самостојна изложба, Citibank, Њујорк, САД (2011), Награда за сликарство – Carole Feuerman Foundation, Њујорк, САД (2015).
5. Бевте единствен македонски уметник што се претставил и учествувал на престижниот Арт Базел Мајами во САД?
Во 2015 година бев поканета да земам учество на изложбата MONUMENTAL на Art Basel Miami (2015) во презентација на MANA Contemporary, како единствен македонски уметник во историјата на учеството на македонски автор на овој престижен фестивал и изложува заедно со авторски имиња како: Julian Shnabel, Marina Abramovic, Yegal Ozeri, Ray Smith, Sante de Orazio, Carole Feuerman, Eugine Lemay итн.
6. Покрај големата несекојдневна активност и присуството на американското тло, исто така Вие се претставивте и дрлувате на Азискиот маркет што претставув престижени параметри?
Со интернационална активност и изложување на повеќе поканети кураторски проекти во САД во Њујорк, Конетикат и Мајами, моето творештво беше селектирано исто така со учество на изложба на 50 жени автори од светот: Please Touch; Body Bounderies i Senses and Percepcion/ Меѓународна изложба на 10 жени автори (Carole Feuerman Foundation, Nјујорк), заедно со Yoko Ono, Cindy Sherman, Louise Bourgeois, Carole Feurman, во Музејот МАNA Contemporary NY во Април 2018 година. Изложбата беше отворена 6 месеци и траеше до октомври 2018 година.
Со овие параметри на меѓународниот маркет, напоменети погоре и присутност во САД следната година 2019 бев поканета да се претставам со соло изложба на Азискиот маркет во презентација на престижната галерија Manila House, каде во истата година изложува и американскиот уметник Џеф Кунс. (Манила, Филипини)
Во 2020 година њујоршкиот магнат во областа на уметноста, еден од најголемие американски колекционер, куратор и голем поддржувач на уметноста во САД и интернационално Ајлин Камински, ЕСКФФ, Њујорк, САД / Eileen S. Kaminsky Family Foundation USA, се заложува за репрезентирање на Вашето дело со најава: ARTIST TO WATCH: MARIA PAVLOVSKА.
Еилен Камински е една од водечките имиња во уметничкиот свет во САД и интернационално. Го запозна моето творештво и дела пред неколку години во 2015 на изложбата MIXING MEDIA, kade ja ponesov prvata nagrda za slikarstvo za delata „OBJEKT” od Carole Feuerman Fondacijata Njujork. Делата наидоа на интерес да бидат дел од перманентната уметничка приватна Камински колекција. Пратејќи ја постојаната работа и активност на Марија во 2020 година се создава репрезентирање со онлине презентација:
Во разговор: Ајлин Камински со уметничката Марија Павловска, модерирана од Џина Мафеи, каде се разговара за неодамнешните активности на Павловска, вклучително и практиката на сликање, неодамнешната еволуција на нејзината работа и проекти и воведувањето на нејзиното минималистичко движење користејќи поларни спротивности на црно-белата боја како медиум и што значи создавање уметност за време на пандемијата.
Понатака следат и други значителни проекти во репрезентација на ЕСКФФ.
7. Вашите дела се вклучени во 5 книги до сега, , ко-соработка со internacionalni поети и писатели. Што значи за Вас, ваквиот успех?
Соработката да бидеш поканет како автор и твоите дела да земат учество во литературни изданија е особена чест. Издадени се сериозни дела во соработка со странски автори, издадени од влијателни издавачки светски куќи:
„Мy Silence”, Michael Stiller-поезија, М.Павловска-цртежи, Мuhlfeld, Toni Kurz Publishing House, Ashberg program, Unesco, Aвстрија (2003), „Shwarce Berge”, Johan Butter- поезија, М.Павловска – цртежи, Издавачка куќа Култура, Скопје, Македонија (2006), „Bodega Anthology I”, Brooklyn artists and writers New York, насловна страна-дело М.Павловска, Bodega, Нјујорк, САД ( 2011), „Bodega Anthology II”, Brooklyn artists and writers New York, насловна страна-дело М.Павловска, Bodega, Нјујорк, САД ( 2012), „Bodega Anthology III”, Brooklyn artists and writers New York, насловна страна-дело М.Павловска, Bodega, Нјујорк, САД ( 2014), “Theia Mania”, Dallas Athent-проза и поезија, М.Павловска-цртежи, Black Squere Edition, АntiSentiMental Society Нјујорк, САД ( 2016). Книгата „Theia Mania” во 2017 година. според њујоршката критичарка Joanna C. Valente oд Luna Luna Magazine беше прогласена меѓу 20 најдобри книги во САД.
Забележувајќи го цртежот како главен белег во творештвото на Павловска, Drawing Room Gallery од Нјујорк во 2015 година, по остварени три изложби во истата, издава Монографија -10 години Цртеж , М. Павловска, „Reaction/ Drawing Cycles 2005-2015” (Victory Hall Press NY) со што Павловска влезе во Едицииите на оваа галерија.
Во 2019 година ја издадов и авторска книга: „Првиот принцип – Цртежот” (македонски јазик), Издавачка куќа МАГОР, Скопје, Македонија. Докторската теза: Историско-уметнички преглед на темата ЦРТЕЖ низ стиловите, низ епохите како основа на уметничко дело преточена во монографско дело.
8. Колку влијание при изборот на професијата имаше тоа што потекнувате од семејство со уметнички корени? Дали Вашиот татко и сестри имаа влијание во насоката на избор на професијата?
Како што погоре напоменив, поривот кон уметноста е вроден. Тој не може да се наметне. Љубовта кон визуелната уметност била забележена од мојата најрана возраст. Уметноста не се учи, таа е вродена во самиот уметник. Што се оденсува до креативноста на моите две сестри и мојот татко, кој е визуелен уметник, а моите сестри музичари можам да кажам дека се тоа паралелни линии кои опстојуваат и се движат паралелно. Живеењето во креативна околина и креативноста е дел од од моето битие и семејство.
9. Од каде ја црпите Вашата инспирација за создавање и креирање?
Се објаснува Поларизмот- Поларизацијата кој опфаќа повеќе аспекти. И тоа во (физика) производство на поларизирана светлина; насоката во која покажува електричното поле на електромагнетниот бран, во (хемија, физика) одвојување на позитивните и негативните полнежи во јадро, атом, молекула или систем
Се објаснува и дејството на поларизирање или состојба на постоење или поларизација: како што се:
(1): дејството или процесот на влијание врз зрачењето и особено светлината, така што вибрациите на бранот добиваат одредена форма.
(2): состојбата на зрачење погодена од овој процес: дејството или процесот на влијание врз зрачењето и особено светлината, така што вибрациите на бранот добиваат одредена форма
Во (социјален аспект) групирањето мислења во две крајности и поделба на две остро различни спротивности помеѓу единката / индивидуалецот или особено: состојба во која мислењата, верувањата или интересите на група или општество повеќе не се движат по континуитет, туку се концентрираат во спротивставени крајности.
10. Кои се Вашите идни планови и активности?
Истражувањето никогаш не престанува. Едниот проект се разива понатака во следен и така тоа е непрестан истражувачки процес / континуитет. Без план едното создадено, носи следно. По една покана, следи друга од друга институција. Па така од последниот проект „А Реакција” што се прикажа на 58-то Венециското Биенале во 2019 година, се разви следен во процес од две години 2020/2021 и работам на тоа моментално. Истиот следно доби покана да се изложи и се претстави на XIII – то Биенале во Фиренца 2021 година од Директорот и Кураторите на истото. Исто така следат оваа година и проекти со Еилин Камински Фондацијата САД и Мана Контемпорари Музејот во САД.
11. Дали македонската јавност може наскоро да очекува нешто ново од Вас?
Претставник на Македонија на XIII – то Биенале во Фиренца, во октомври 2021 година, чија тема е: Feminine Eternity / Feminine Change, а ќе се претставам со проектот MRS & MS X кој вклучува видео арт и серија блок дела.