Македонска православна црква во Хрватска

0
295

Драги Браќа и сестри!

Со неизмерна духовна радост Ве известуваме дека по застапништвото на Света Злата Мегленска, милоста на Бога и Вашите прилози, од денес, 22.09.2021 година, силно одекна милозвучниот звук на камбаните на нашата прва Македонската православна црква во Загреб, Република Хрватска. Од денеска сме побогати и погласни во светот за вистината на нашата татковина Република Македонија, македонскиот народ и Македонската православна црква -ОА. Камбаните нека не повикуваат пред се на молитва, постојана будност, взаемна лјубов, заедниство и слога.

ВЕЧНО НЕКА БИЈАТ!

Во оваа прилика молитвено се обракаме до сите Вас драги брака и сестри и пријатели, секој кој колку сака и може да помогне да го завршиме храмот Божји.

ТВОЈАТА УПЛАТА НЕКА БИДЕ БОГОУГОДЕН ДАР ЗА ОВОЈ ИСТОРИСКИ НАСТАН !

МПЦО Св. Злата Мегленска – Загреб

Ул. Нашичка 6, 10 000 Загреб

ИБАН: ХР4023600001101569965