Спировски и официјално промовиран во дресот на украински Мариупол

0
30

Македонскиот репрезентативец и официјално промовиран во дресот на украински Мариупол.

По разделбата со АЕК Ларнака, 31-годишниот Спировски се одлучи кариерата да ја продолжи во украинскиот шампионат потпишувајќи договор до крајот на сезоната со Мариупол.

Мариупол по осум одиграни натпревари во Суперлигата на Украина оваа сезона има само четири бода. Спировски треба да помогне во битката за опстанок на клубот во елитното друштво.

 

Спировски, кој во македонскиот шампионат има настапи за Пелистер, Вардар и Работнички, претходно во интернационалната кариера беше дел од српскиот Борац Чачак, бугарски Берое, унгарски Ференцварош, израелски Хапоел Тел Авив и кипарски АЕК Ларнака од каде сега се сели во Украина.

За репрезентацијата на Македонија има 40 официјални настапи и еден постигнат погодок.