ИЗВЕСТУВАЊЕ-во Република Хрватска ќе се одржи попис на населението

0
204

Драги бараќа и сестри,

Во наредниот период во Република Хрватска ќе се одржи попис на населението во кој сите ќе бидеме вклучени. Од 13.09.2021 до 26.09.2021 година, пописот ќе се одржи по пат на интернет, а теренскиот попис ќе биде од 27.09.2021 до 17.10.2021 година.

Разгледувајќи го пописниот прашалник, забележавме дека прашањата врзани за верската припадност под редните броеви 19 и 20 може да предизвикаат нејаснотии, па на овој начин сакаме да ве информираме.

Колку што е важно да се изјаснуваме како Македонци и македонски јазик по прашањето за нашата националност и мајчин јазик, толку е важна и нашата верска припадност.

  1. Вера – треба да се изјасниме – Православни
  2. Верска заедница – треба да се изјасниме – Македонска Православна Црква

Таа можност постои во методологијата на пописот, а попишувачите се должни да го забележат таквото потврдување во текот на пописот. Таквата точна изјава е јасно и недвосмислено утврдување на идентитетот на сите кои ѝприпаѓаат на Македонската православна црква. Истовремено, таквата декларација на Македонците кои привремено или трајно живеат во Република Хрватска е остварување на основните верски слободи и права во Република Хрватска.

Објаснување: не е доволно само да се одговори како Православна црква бидејќи постојат други православни цркви во Република Хрватска.

Од самата формулација на прашањата се гледа дека пописот не се бави со теолошки теми туку со практичниот живот на граѓаните. Исклучително е важно, за сите нас, нашите деца и внуци, младите и сите наши пријатели и поддржувачи кои можеби не се крстиле или од разни причини не практикуваат вера, но доаѓаат од македонски род, ги молиме да се изјаснат не како во предложеното „не сум член на ниедна вера или верска заедница“ туку како православци и припадници на Македонската православна црква.

Напомена: сето ова е само препорака и искрана желба да се помогне на сите, но секој од вас самостојно одлучува каде припаѓа и како ќе одговори.

Од канцеларијата на Македонската православна црква во Хрватска