Карпата во Лесново со волшебен поглед од којашто сите сакаат да направат фотка

0
34

Македонија изобилува со прекрасна природа и локации што го одземаат здивот со својата убавина. Една од нив е карпата која високо се издигнува во непосредна близина на Лесновскиот манастир.

Таа нуди спектакуларен, низински поглед на сè што се простира пред неа, раскошно, бујно зеленило кое ги обвива околните села пред Лесново.

Чиста и недопрена природа. Место каде што ќе може да одморите, да уживате во волшебниот пејзаж, мир и тишина по кои сите сме во потрага покрај стресот на секојдневието.

Откако ќе се изнауживате во погледот, задолжително посетете го и Лесновскиот манастир и пештерите во неговата непосредна близина. Секако сте многу блиску до целта.

А дотогаш, фотките нека ве примамат да ги направите сите овие нешта што е можно поскоро: