– На Охридското Езеро викендов ќе се одржи Меѓународна едриличарска регата, во организација на Здружението за спортско едрење „Aquatica Yachting“, под покровителство на Едриличарската федерација на Република С. Македонија и Општина Охрид.
Свеченото отворање е предвидено за в сабота, 25 септември, во 10 часот пред плажата „Горица 1“.
Регатното поле е во акваторијата пред градот Охрид, а натпреварувачите ќе настапат во класите „Оптимист“ и „Ласер“, со учество на екипи од J.K. „Палич“ од Суботица, J.K. „Панонија 1975“ од Бела Црква Ц.С.Ј.Ц „Централ Софија Јахт Клуб“ од Софија, како и на едриличарските клубови „Снегар“ од Струга и „Aquatica Yachting“ од Охрид.
Свеченото затворање на регатата и прогласувањето на победниците ќе биде во недела, на 26 септември, во 17 часот на плажата кај „Горица 1“.