Кавадарци,
– Младите од Кавадарци, Германија и од Белгија ќе изработат заедно два кратки филмови, информираат денеска од Младинскиот центар Кавадарци.
– Станува збор за меѓународен проект „Art for social change”. Проектот е за размена на методологии меѓу три организации, од кои Младинска Организација Креактив Кавадарци е партнер од Македонија. Младите од Кавадарци заедно со млади и младински работници од Германија и Белгија во наредните денови ќе посетуваат работилници за краток филм. На крај, ќе изработат два кратки филмови, велат оттаму.
Од Младинскиот центар нагласија дека со ова се отвараат нови можности за младите да се надоградат себеси преку неформални активности.
– Едукација, дружење, искуство… секој ден. Се наоѓаме во центарот на градот, над библиотеката „Феткин” на последен спрат, додаваат оттаму.