Во периодот од 16 до 19 септември 2021 година се одржа Светскиот куп во кик бокс во Будимпешта (Унгарија) од каде што со медали се враќаат македонските натпреварувачи.
Миа Тодорова од КБК „Шампион“ во лоу кик се закити со сребрениот медал, таа загуби во финалето од Валентина Кери (Србија).
Бронза освоија Филип Ризов од КБК „Кавадарци“ лоу кик, потоа Иле Левков лоу кик од КБК „Лидер Виница“ и Туркер Исмаил кик лајт од КБК „Шампион“.
До медал не успеа да дојде Иван Кукуновски од КБК „Шампион“ во дисциплината кик лајт.
На овој Светски куп настапија 1690 кикбоксери од вкупно 45 земји.