1 кrр. брашно
30 rp. квасец
6 јајца
800 гр. свинска удина
сол
маст
Замесете го квасецот со малку топла вода да надојде. 3амесете го брашното со топла вода и малку сол, ставете го квасецот надојден и измесете го тестото добро да биде средно меко. Оставете го да надојде. Од кога ќе надојде, повторно размесете гo и поделете го на 8 топки. Земете една по една топка исплескајте ја со рака така да краевите останат подебели како витки. Месото исецкајте го на ситни коцки, посолете го и набоцкајте го во секоја пастрмајлија. Ставете преку месото по 1 мала лажичка маст и ставете ги во рерна да се печат. Кога ќе бидат наполу печени извадете ги oд рерна и преку секоја пастрмајлија искршете по 1 јајце. Вратете ги во рерна и допечете ги. Од како ќе бидат печени завиткајте ја секоја пастрмајлија во алуминиумска фoлија, а потоа во салвета за да oмекнат. Служете ги со јoryрт.