– 350 гр мешано мелено месо,- 1 страк праз,- 4 поголеми компири, 2 моркови,- 2 дл млеко, 2 дл јогурт,- 2 лажици брашно,- 4 лажици рендан пармезан,- малку масло,- путер,- сол, ,бибер,- магдонос
Подготовка:
Излупете ги компирите и морковите, исечете ги на коцки и сварете ги во солена вода.Празот добро измијте го, исечете го на прстени и испржете го на малку масло. Кога ќе омекне, додадете го меленото месо и пржете додека месото не биде готово. Додадете сол и бибер.
Испржете го брашното во растопениот путер, додадете млеко и постојано мешајте за да не се формираат грутки. Кога смесата ќе се згусне, тргнете ја од шпоретот, додадете јогурт, па сол и бибер.
Ставете ги исцедените компири и моркови во сад за печење, додадете го месото со праз и прелијте сè со белиот сос.
Добро промешајте, а одозгора ставете неколку парчиња путер, па посипете со сецкан магдонос и рендан пармезан.
Печете во загреана рерна околу 15 минути, додека не добие убава кора.