Во Кичево следниот викенд 5. Семинар за изворен фолклор

0
189

Кичево,

Во организација на КУД „ Бисер“ Кичево на 24 и 25 месецов ќе се одржи петтиот семинар за изворен фолклор, на кој како предавачи ќе земат учество еминентни етно-музиколози и професори по музика, кои во своите предавања ќе се навратат на времето како изгледал денешниот фолклор во изворна форма .

-Следниот викенд во Кичево ќе се одржи петтиот по ред семинар за изворен фолклор.На семинарот како предавачи ќе земат учество д-р.Родна Величковска етно- музиколог и д-р Бошко Трпески професор по музика,  се уште се чека потврда за учество на семинарот на уште еден етно-музиколог,  професор на Факултетот во Штип. Изворното пеење ќе го презентира Ване Наков, додека демонстратор на фолклорните игри ќе биде кореографот на КУД „ Бисер“ Кичево, Цане Ѓорѓијоски. На семинарот ќе бидат презентирани обработките во изворна форма на ората и сплетови од кичевско,  Крстачка, Свекрвино, Малесора и Четворка. Исто така,  во изворна форма ќе бидат презентирани и Водичарските обичаи, вели Младен Ванчоски претседател на КУД„ Бисер“ и организатор на семинарот за изворен фолклор.

Тој додава дека на семинарот покрај предавачите ќе бидат присутни и членови на повеќе фолклорни друшта од земјава, кои ќе ги подучуваат овие сплетови и обичаи, за потоа да можат во изворна форма и тие во нивните друштва да ги застапат овие ора и сплетови.