Трето издание на „Охрид трејл“ трките во планинско трчање

0
30

Охрид,

– Охрид викендов ќе пулсира во ритамот на спортот и рекреацијата преку годинешното трето по ред издание на спортската манифестација „Охрид трејл 2021“.

Манифестацијата предвидува четири трки на 22, 40, 60 и сто километри, со учество на 450 натпреварувачи од дваесет земји.

„Ултра трејл“ трката на сто километри е своевидна авантура со трчање од Стариот дел на Охрид во ноќните часови, со 4.840 метри искачување по сртовите на Галичица до манастирскиот комплекс Свети Наум долж источниот брег на Охридското Езеро. Стартот на најдолгата трка е вечерва на полноќ.

Кај Свети Наум ним ќе им се приклучат учесниците на втората планинска трка „Галичица Ултра“ во должина од 60 километри со 3,240 метри искачувања.

Трасата на третата трка „Самотска Треил“ на 40 километри и 1950 метри искачување почнува од селото Пештани и преку селото Елшани се приклучува на главниот срт на планината Галичица низ заедничка маршрута со учесниците на двете подолги трки. Последната и најмала трка „Летница Треил“ е предвидено да стартува од селото Велгошти, најбрзата трка на 22 километри и 1,100 метри искачување.

За сите учесници на трките финишот е пред платото кај хотелот „Палас“ на Градскиот кејот „Македонија“ во Охрид, а максималниот лимит за завршување на најдолгата трка е ограничен на 26 часа.

Организаторите велат дека целта на настанот е сите учесници да ги проверат своите можности, а истовремено да уживаат во убавините што ги нудат Галичица и крајбрежјето на езерото