Регионална ПЕН-конференција „Авторот и литературата помеѓу слободата и изолацијата“

0
34

Скопје,

– „Авторот и литературата помеѓу слободата и изолацијата“ е насловена традиционалната 18. Регионална ПЕН-конференција што ќе се одржи во Скопје од 16-19 септември.

Македонскиот ПЕН-центар, домаќин на конференцијата, информира дека на тркалезната маса што ќе се одржи во МАНУ, на 17 септември со почеток во 10 часот, со свои излагања и дискусии ќе земат учество претставници од македонскиот и од уште шест ПЕН-центри од регионот.

Дополнуваат дека во рамките на конференцијата ќе се одржи состанок на Балканската ПЕН-мрежа на кој ќе се разговара за проекти со кои ќе се овозможи поголемо приближување и промоција на литературните творци од регионот, како и за горливи проблеми во доменот на слободата на изразувањето што се сѐ поприсутни во регионот и во светот.

На 18 септември авторите од регионот и домаќините – учесници на конференцијата ќе настапат со литературно читање во книжарницата „Буква“ со почеток во 18 часот.