Почнува 30.издание на фестивалот „Оро без граници“

0
48
Skopje, MACEDONIA: The Ensemble of folklore dances and songs of Macedonia ?Tanec? performs during its New years concert in the Macedonian opera and ballet hause, in the capital Skopje,late on 25 december 2005. For five decades ?Tanec? has been a mobile museum of that which represents the most beautiful and ancient macedonian folklore treasure, being an identity and history of the Macedonian people. ?Tanec? is the only professional ensemble of folklore dances In Macedonia. AFP PHOTO ROBERT ATANASOVSKI (Photo credit should read ROBERT ATANASOVSKI/AFP via Getty Images)

Скопје,

Во Куршумли ан, денеска и утре ќе се одржи јубилејното триесетто издание на фестивалот „Оро без граници“ на кој ќе настапат играорците од Детскиот културен центар „Карпош“.

Детскиот културен центар „Карпош“ со својот фолклорен ансамбл се домаќини и организатори на фестивалот, со поддршка од Град Скопје. Фестивалот, од неговото основање е со ревијален карактер.

– Својот 30 годишен јубилеј „Оро без граници“ го одбележуваше низ целата година со различни активности, како ликовниот конкурс на тема „Оро без граници – симбол на пријателството меѓу децата“, изложбата на фотографии на тема „Деца во традиционални носии минато – сегашност“, ретроспективната фотогалерија „Три децении Оро без граници“, проекцијата на интервју со основоположникот на „Оро без граници“, Тофе Дракулевски и промоција на каталог посветен на „Оро без граници“. Претстојните две фестивалски вечери ќе бидат и заокружување на овој традиционален детски фестивал, информираат од Град Скопје.

Првиот фестивал „Оро без граници“ се одржа во 1991 година по иницијатива на доајенот на македонскиот фолклор Тофе Дракулевски. Оттогаш, деца играорци од повеќе од 80 држави учествувале на фестивалот, со што „Oро без граници“ се етаблира во столб на македонската култура.