ВЧЕРА ВО ТРЕНТИНО – ИТАЛИЈА БЕШЕ ПРОМОВИРАН РОМАНОТ „ЕЛИЗА,ЕДНА МАКЕДОНСКА ПРИКАЗНА“

0
273

Во Италија, во Трентино вчера беше промовиран романот „Елиза,една македонска приказна“ од авторот Умберто ли Гиои. Романот е базиран врз вистинска приказна за семејството на Рино, половина Македонец и половина Италијанец. Сместена во Македонија за време на Втората светска војна и во периодот веднаш потоа.

Тоа е приказна за македонско девојче и италијанско момче. Од овој денешен агол можеме да кажеме и да потврдиме дека „мешаниот“ брак е речиси практика тогаш во тие денови којзнае колку парадокси се надвиснале над нив ….

„Елиза,една македонска приказна“ го носи во себе тој историскиот период што, во спомените, што преку истражувањето на Рино во кој раскажувачот го вклучува и писателот со сета негова творечка имагинација. Ова се само дел од промотивните зборови на Алтерио Марија Рита советник за култура, социјални и семејни политики и образование, на Габриела Гавиоли од издавачката куќа Саекула и од Венко Трпески, претседател на Македонското културно друштво „Св. Кирил и Методиј“ од Трентино.

Писателот Гиои рече: – Убава и привлечна приказна. Одличен чин на љубов од страна на детето кое сака да го раскаже авантуристичкиот живот на неговите родители, обидувајќи се да разбере и открие дел од тој живот кој предолго останал речиси мистерија.

-Многупати барањето на нашите корени не тера да разбереме многу нешта за себе… Нема да додадам ништо друго, затоа што секој читајќи ја оваа приказна ќе го најде она што му е потребно за да ги преплетува темите на својата приказна, рече , Оронцо Оперозо за чии мајка и татко се раскажува во романот.

-Пред неколку години дојдовме на идеја што мене долго ми зуеше во главата. Имав и имавме сон: Да се создаде културно здружение во Трентино, каде што живеат околу 3000 Македонци. Така, со група пријатели во февруари 2016 година во Тионе ди Тренто, го основавме Здружението на светите Кирил и Методиј во Трентино. Затоа, не случајно ја избравме вашата општина да ја организира оваа иницијатива за културна промоција. Повеќето од нас беа вклучени во овој контекст веќе подолго време и се чини дека е правилно да започнеме да бидеме корисни за заедницата, исто така, за да покажеме дека има многу добри луѓе меѓу граѓаните кои не се членки на ЕУ. Интеграцијата не е лесен пат, потребно е многу време за да се изгради доверба, рече претседателот на македонското здружение и и иницијаторот за промоцијата Венко Трпески, кој додаде:

– Како странец, велам дека странците мора да научат да ги почитуваат традициите и културата на нивните домаќини. Ова не значи откажување на нечија култура, апсолутно, туку вклучување во сите активности што ги нуди заедницата.

Нашата задача како друштво е да ја олесниме интеграцијата, да придонесеме за вистинска и ефективна интеграција на Македонците во Трентино и италијанското општество, да промовираме иницијативи за солидарност и социјална, економска и културна соработка помеѓу Италија и Македонија. Во последните 30 „италијански“ години, македонската имигрантска заедница целосно се трансформираше. Македонската заедница многу брзо сфати дека иднината не е она за што сонуваше. Илјадници мажи и жени беа одбиени и оние што успеаја да останат мораа да се соочат и да ги надминат големите тешкотии. Ако некој успеал, тоа било благодарение на неговата истрајност, посветеност и напорна работа. Сите Македонци тогаш биле во можност да покажат, за кратко време, голем капацитет за интеграција и голема желба за мир и соживот. Денес можеме да кажеме со задоволство:дека македонската заедница е најинтегрирана во Италија.

Во 1991 година, нешто повеќе од 60 пристигнаа во Трентино. Денес, македонската заедница во овој регион брои околу 3.000 луѓе, од кои речиси една третина имаат италијанско државјанство.

Македонската заедница ја сочинуваат 49% жени и 51% мажи. Македонските ученици се многубројни во училиштата од сите нивоа. И ако во раните години Македонците вршеа само скромни работи, денес има многу дипломирани студенти и специјалисти, и ситуацијата навистина се промени многу. Нашата заедница сега е неделива од територијата во која живееме , со желба да придонесуваме се’ повеќе за растот на земјата што не прифати. Можеме слободно да кажеме дека по 30 години заеднички живот, Македонците веќе не се проблем, туку ресурс за Италија, заклучи Трпески.

Потоа во рамките на промоцијата следуваа прашања од страна на љубопитната публика која во поголем број беше од македонската заедница и во тој момент синот на хероината Елиза, во овој роман претставен како Рино не можеше да ги задржи своите емоции,беше многу возбуден затоа што за прв пат ја претставуваат книгата пред македонска публика во која се зборува за почетоците на неговото семејство во Кичево… За тоа како биле избркани од родното огниште…. и како има само една нереализирана желба,а тоа е да има македонско државјанство.

И авторот на книгата Умберто ли Гиои и синот на хероината Елиза, Оронцо Оперозо или Рино беа воодушевени од топлината на македонската публика и исто така ветија дека набрзо ќе ја посетат и Македонија