Sv Prohor Pcinski Piacenza

0
200

На наша огромна чест и задоволство, денес во посета на нашата црква во Пјаченца ни беше нај познатиот македонски оперски пејач во Италија и во светот, маестро Blagoj Nacoski , тој беше изненаден од убавината на иконостасот и заложбата со која што речиси дваесет години нашата црковна општина се труди да ја зачува македонштината во овој крај на Италија, притоа му беа подарени книги од црковната општина кои се дел од изворното богатство на нашиот свештеник Боро Милчев. Неговиот настап во Пјаченца по повод 700 години од смрта на Данте Алигери ќе биде ова Недела со почеток од 21:30 во палатата Фарнезе на само 100 метра од нашата црква каде тој ќе биде во главна улога. Ве повикуваме да бидете дел овој спектакуларен настан.