Отворена библиотека во МПЦ „Света Недела“ во Ејџакс

0
256

Литературното Друштво “Браќа Миладиновци”, секција при македонската православна црква Св.Климент Охридски од Торонто, свечено ја отвори новата македонска библиотека во црквата Св.Недела од Ејџакс со промоција на книгата “Моето Брајчино, моите корени, мојата Преспа” на авторката Вера Вржовска Петревска, член на литературното друштво “Браќа Миладиновци”. На оваа свеченост учествуваа повеќе членови од литератирното друштво кои земаа учество со читање делови од промовираната книга, како и песни од своите збирки поезија. Свеченоста ја водеше претседателката на литературното друштво, госпоѓата Маја Доневска-Ивановска, а учество земаа и претседателот на црквата Славе Бунтески, свештеникот Александар Зашов, како и претседателот на Св.Климент Охридски, господинот Владе Димитриeски.