Заврши ликовната колонија „Карпино 2021“

0
236
 – Заврши 19-тата Меѓународната ликовна колонија „Карпино“ на која учествуваа 11 уметници од државата и соседните земји, а кои една недела твореа во кумановската населба „Карпош“.
Како што информираа денеска од мултимедијалниот Центар Карпино, на колонијата создадени се дваесетина дела, инспирирани од културно-историските споменици, цркви, манастири и природни реткости од општините Куманово и Старо Нагоричане.