„Охрид фест 2021“ ќе се снима, а ќе се емитува после деновите на жалост

0
10

– Годинашното издание на фестивалот „Охрид фест 2021“ ќе се снима и тоа без присуство на публика, а ќе се емитува после деновите на жалост.

Ваквата одлука Советот на фестивалот ја донесе од причина што фестивалот, чие одржување беше закажано за 10-ти односно 11-ти овој месец, не може целосно да се откаже, бидејќи се работи за настан на кој е предвидено учество на музички имиња од поширокиот регион, кои се веќе пристигнати во Охрид.

-Сочувствуваме со болката на семејствата на жртвите во несреќата во Тетово. Бидејќи фестивалот требаше да се одржи на 10 и 11 септември, се одлучивме истиот да се снима, без присуство на публика, без новинари и без доделување награди. Ќе се искористи само сцената на Долни Сарај, нема да има озвучување, а по договор со МРТ, ќе се емитува по деновите на жалост, додаваат од Советот на Охрид Фест.

Според нив, тоа е единствено решение во овие тажни денови, бидејќи изведувачите од целиот Балкан се пристигнати во Охрид