Ед Ширан на неговата Фејсбук страница премиерно ја објави стрип-анимацијата за својот последен хит “Bad habits” зад која во целост стојат македонските креативци од „351 Студио“.
Изработено во стилот на стриповите од 60-тите и 70-тите години, видеото доби одлични критики од фановите музичарот. По официјалната премиера на Фејсбук, видеото е веќе достапно и на официјалниот Јутјуб канал на Ед Ширан како и на останатите платформи за видео содржини.